СПОРЕД НЕКОГАШНИОТ АМЕРИКАНСКИ ТЕНИСЕР

КУРИЕР: Зверев е идниот број еден во светот!

Актуелниот селектор на САД предвидува дека Александер Зверев е предодреден да оди на самиот врв на светскиот тенис...

објавено: 25 август 2017 - 16:30

Дваесетгодишниот германски тенисер Александер Зверев е едно од најпријатните изненадувања во светот на тенисот за оваа сезона.
Веќе освои два турнири од Мастерс серијата, оние во Рим и во Монтреал, и тоа е доволно за некои од поранешните лидери во светскиот тенис, како на пример Џим Куриер, да го прогласат и за иден број 1.

„Следниот чекор за Саша е да оди уште 'подлабоко' на некој турнир од Грен слем серијата. Мислам дека оваа година направи доста, и дека тоа ќе му даде самодоверба плус. Импресивен е неговиот фокус, долгорочно планирање и решеност да направи се како што треба за да биде најдобар. Уверен сум дека еден ден тоа и ќе постане. Секако под услов да не го успорат повредите. Способноста да игра на сите подлоги ќе го води до првото место на светот" - вели Куриер, сега во улога на селектор на Дејвис куп тимот на САД.

Во овој момент, непосредно пред стартот на УС опенот во Њујорк (почнува во понеделник), Зверев е шести тенисер во светот.

Најново во Други спортови