Втор пораз за крај на надежите

Кусо траеше среќата, Ѓорческа се протна на главен турнир, па загуби на стартот во Бил

Лина Ѓорческа успеа да се протне како „лаки лузер“ на главниот турнир во Бил, но среќата кусо траеше, па со пораз од Вондрусова, нашата најдобра тенисерка се прости од сингл натпреварите

објавено: 11 април 2017 - 15:31

Лина Ѓорческа успеа да се протне како „лаки лузер" на главниот турнир во Бил, но среќата кусо траеше, па со пораз од Вондрусова, нашата најдобра тенисерка се прости од сингл натпреварите.

Шансата за подвиг, Лина ја пропушти во првиот сет, што го загуби со 4:7 во поени во тај-брејк. Македонската тенисерка поведе во 13 гем со 1:0 во поени, но потоа подзастана и немаше сили за водство од 1:0 во сетови, Продолжението беше само рутина за противничката од Чешка, а крајот стаса експресно со 6:1 во вториот сет.

Ѓорческа загуби во последното квалификациско коло од Александра Саснович, но доби мо0ќност да игра на главниот турнир, по откажувањето на Ализ Корне. ВТА турнирот во Бил е со награден фонд од 225 илјади долари и е еден од највредните според наградниот фонд на кој настапила Ѓорческа. Тоа ќе и донесе поени за скок на светската ранг-листа.

Најново во Други спортови