РУСИНКАТА ПОКАЖА ДЕКА НЕ СЕ ПРЕДАВА ЛЕСНО

Кузнецова со епска победа влезе во полуфиналето

Светлана Кузнецова ја победи Каролина Плишкова со 3:6/6:2/7:6(6) во трилер-натпревар од Белата група на ВТА-финалето во Сингапур за пласман во полуфиналето на турнирот

објавено: 26 октомври 2016 - 18:23

Откако се бореше со Плишкова 2 часа и 17 минути, Кузнецова падна на теренот по освојувањето на четвртиот меч-поен.

„Со целата поддршка од публиката и мојот тим, не смеев да си дозволам да се разочарам себеси и морав да се борам. Последните неколку години не сум во најдобра форма, но нешто се смени во 2016. Уживам во тенисот, во поддршката и се чувствувам благословена што играм со најдобрите на светот“, изјави Кузнецова.

Кузнецова последна се пласираше на турнирот на кој играат осумте најдобри тенисерки на светот, откако во саботата ја одбрани титулата од Москва, а во понеделникот ја победи актуелната шампионка Агњешка Радвањска во три сета.

Нејзиниот пласман во полуфиналето беше потврден откако Радвањска со 7:6(1)/6:3 ја победи шампионката од Ролан Гарос, Гарбиње Мугуруза.

Најново во Други спортови