Не зарѓал и по две години пауза

Лејтон Хјуит прави сензационален кам-бек на Австралија опен

Лејтон Хјуит ќе направи сензационален кам-бек и по две години откако објави дека се пензионира повторно ќе игра тенис на професионално ниво

објавено: 22 декември 2017 - 09:31

Лејтон Хјуит ќе направи сензационален кам-бек и по две години откако објави дека се пензионира повторно ќе игра тенис на професионално ниво.

Популарниот Расти потврди дека не зарѓал и додека одмараше од тенисот и најави дека ќе игра на Австралија опен во Мелбурн, но само во дел од натпреварите за машки двојки. Хјуит ќе му биде партнер на сонародникот Сем Грот, а не се знае дали враќањето на тениските терени ќе биде со кус рок и само за првиот гренд-слем во годината, или ќе продолжи и понатаму.

Хјуит има две гренд-слем титули во поединечна конкуренција и една во дубл. Првата ја освлои токму во машки двојки пред 17 години на САД опен, а следната година славеше на истиот турнир но во поединечна конкуренција. Третиот трофеј од некој од четирите најценети тениски турнири го освои во 2002 година, повторно во сингл, но на Вимблдон.

Во 2015 година Хјуит му кажа доста на тенисот и објави дека се повлекува, но сега повторно ќе игра.

Најново во Други спортови