Нашата тенисерка тргна одлично

Лина без мака до второ коло во Валенсија

Македонката во првото коло ја совлада Ерајдин Басак од Турција со 2:0 во сетови (6:2/7:5) и со тоа ја најаву успешната седмица на силниот фјучр турнир во Валенсија

објавено: 21 ноември 2016 - 14:56

Откако минатата недела настапи на првиот ВТА турнир, Лина Ѓорческа оваа седмица ќе биде активна на фјучрс натпреварувањето во Валенсија. Таму, пак, како трета носителка во сингл, оствари победа во првото коло над турската претставничка Ерајдин Басак со 6:2, 7:5.
Во продолжението, Ѓорческа ќе игра со подобриот од мечот Јасмин Паолин и Паула Ариас Мањон, кој се игра по 16 часот.
Наградниот фонд на фјучр турнирот во Валенсија изнесува 25.000 американски долари.

Најново во Други спортови