Не игра на турнири

Лина е во слободен пад, сега е 260. на ВТА листата

Лина Ѓорческа застана во место, дури и назадува полека на светската тениска ранг-листа и од денеска е на 260. позиција, што е за 90 скалила полошо од ранкингот на кариерата што го имаше пред неполни 5 месеци

објавено: 30 октомври 2017 - 12:20

Лина Ѓорческа застана во место, дури и назадува полека на светската тениска ранг-листа и од денеска е на 260. позиција, што е за 90 скалила полошо од ранконгот на кар4иерата што го имаше пред неполни 5 месеци.

Младата тенисерка од Тетово не игра во последно време, што и се одрази на рејтингот на светската листа. Во јуни годинава беше на 170. место, а сега е дури 260. што е огромен пад. Финишот на сезоната тешко дека ќе и донесе подобрувања, па останува Лина да се подготви добро за новата сезона.

На врвот на ВТА листата е Романката Симона Халеп, а по неа во топ-10 се и Гарбиње Мугуруза, Каролине Вознијачки, Каролина Плишкова, Венус Вилијамс, Елина Свитолина, Јелена Остапенко, Каролин Гарсија, Јохана Конта и Кристина Младеновиќ.

Кај мажите Рафаел Надал е лидер пред Роџер Федерер, а зад нив се Енди Мари, Александер Зверев, Марин Чилиќ, Доминик Тим, Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Станислас Вавринка, Давид Гофан...

Од нашите те4нисери Томислав Јотовски е на 584. место, а поени имаат и Србљак, Грабул, Дургути и Мицов, но тие се рангирани над илјадарката.

Најново во Други спортови