Тенисерката имаше убедлив почеток во Кијасо

Лина експресно тргна во сингл

Нашата најдобра тенисерка на противничката Дину и препушти само три гејма и со тоа најави атак на титулата на фјучр турнирот во Кијасо вреден 25 илјади американски долари

објавено: 19 април 2017 - 15:54

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа како четврти носител во сингл имаше сигурен старт на фјучр турнирот во Кијасо, Швајцарија. Нашиот рекет во првото коло со експресна игра, оставајќи само три гејма на противникот оствари убедлива победа над Романката Кристина Дину од 6:3, 6:0.

Во втората рунда, Ѓорческа за опонент ќе ја има домашната натпреварувачка, квалификантката Кијара Грим.

Македонката настапува и во конкуренција на двојки. Таму, заедно со Александра Најденова од Бугарија како први носителки во четврт-финалето ќе се соочат со швајцарскиот двоец Ин-Албон/Кенкел.

Најново во Други спортови