МАКЕДОНСКАТА ТЕНИСЕРКА ВО НОВ ОБИД ДА СТИГНЕ НА ГРЕН СЛЕМ

Лина Ѓорческа во квалификациите на „УС Опен“

Лина Ѓорческа, македонската тенисерка по трет пат во нејзината кариера ќе игра во квалификациите за пласман на наредниот Грен слем турнир „УС Опен".

објавено: 15 август 2018 - 19:45

Овие квалификации на Отвореното првенство на САД ќе започнат официјално на 27. август. Ѓорческа по подолго време имаше пауза поради повредата, таа во меѓувреме се врати настапувајќи на неколку ИТФ турнири.

Иако нејзината моментална позиција на ВТА ранг листата (600.) не и дозволува да игра во овие квалификации, доби дозвола од организаторот.

Ланската година Ѓорческа беше на 170. место на листата најдобри светски тенисерки.

Најново во Други спортови