Среќата и се намевна на нашата тенисерка

Лина како „среќен губитник“ ќе дебитира на ВТА турнирите

Нашата најдобра тенисерка иако не ги мина квалификациите, сепак по повредата на Аранча Рус дополнително е повикана од страна на организаторот

објавено: 14 ноември 2016 - 15:16

Лина Ѓорческа утре ќе го има своето деби на ВТА турнирите. Нашата најдобра тенисерка иако не успеа да ги мине квалификациите во Лимож, сепак, како најдобра носителка таму беше дополнително повикана од страна на организаторот. Причината за тоа беше повредата на Аранча Рус, која го откажа својот настап.
На турнирот вреден 125.000 американски долари и се игра на тврда подлога, Лина ќе дебитира против Марина Заневска од Белгија, која на ВТА листата е позиционирано на 128. место.
Натпреварот од првото коло на ВТА турнирот во Лимож според првичниот распоред е закажан за утре во 10:00 часот.

Најново во Други спортови