Македонската тенисерка имаше нова маестрална партија

Лина „летна" до полуфинале во Рим

Македонската тенисерка на фјучр турнирот во вечниот град успеа да се пласира во четврт-финалната фаза од поединечната конкуренција

објавено: 11 мај 2017 - 18:27

Продолжува Лина Ѓорческа со маестралните партии на фјучр турнирот во Рим. Најдобрата македонска тенисерка како втор носител во сингл се пласираше во полуфиналето во сингл откако со 2:0 во сетови, односно 6:1, 6:0 ја победи Чилеанката Даниела Сегел. Во полуфиналето за опонент ќе ја има Австралијанката Јулија Грабер.

Со евентуална нова титула, Македонката ќе добие нови 50 поени со што ќе следи и нов рекорден напредок на ВТА листата, во нејзината кариера.

 

Најново во Други спортови