Македонката немаше потреба да излезе на терен

Лина без мака до четврт-финале, се чека уште на Хингис

Македонската тенисерка заедно со Комардина се пласираа во наредната фаза откако противничките го предадоа мечот. Таму, постои можност да ја гледаме против петкратната освојувачка на гренд-слем титулите, Мартина Хингис

објавено: 12 април 2017 - 15:27

Лина Ѓорческа се пласираше во четврт-финалето во конкуренција на двојки на ВТА турнирот во Бил, Швајцарија.

Најдобриот македонски рекет заедно со соиграчот Анастасија Комардина без борба се пласираа во наредната фаза, откако противничките Елис Мертенс и Хедер Вотсон се одлучија да го предадат мечот.

Во наредната фаза, Лина и Анастасија најверојатно ќе имаат можност да играат против Мартина Хингис. Петкратната освојувачка на гренд слем титулите и апсолутна легенда на овој спорт игра заедно со Тимеа Бачински. Противнички вечерва ќе им бидат Марчинкевица и Витоефт во меч кој е закажан за 20:00 часот по средноевропско време.

Најново во Други спортови