НА ДЕНЕШНОТО РАНГИРАЊЕ

Лина мрдна една позиција напред

објавено: 28 ноември 2016 - 09:15

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше една позиција на најновото рангирање на светската ВТА листа. Ѓорческа сега има 264 бодови, што е доволно за 206 место во светот во поединечна конкуренција. На врвот на оваа листа во поединечна конкуренција, нема промена на врвот. Анџелика Кербер е прва со 9080 бодови пред Серена Вилијамс со 7050 бодови и Анџелика Радванска со 5600 бодови.

Ѓорческа имаше успешна недела во дубл конкуренција. Заедно со нејзината партнерка Галина Воскобоева стигнаа до трофејот на ИТФ фјучерс турнирот во Валенсија, Шпанија. Со тој триумф, Лина го задржа 136 место на рангирањето, во конкуренција на двојки. 

Најново во Други спортови