Македонката има одлична шанса на фјучрсот во Валенсија

Лина на чекор од нова „дубл“ круна

Нашата тенисерка заедно со Казахстанката Воскобоева како први носителки со 2:0 во сетови го победија двоецот Карера/Гамиз и со тоа обезбедија пласман во финалето

објавено: 25 ноември 2016 - 22:10

Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето во „дубл" конкуренција на фјучр турнирот во Валенсија, вреден 25.000 американски долари. Нашата најдобра тенисерка заедно со Галина Воскобоева од Казахстан како први носителки силите ќе ги одмерат со Алисија Ереро Линана од Шпанија и Ксенија Шарифова од Русија кои изминатите две рунди беа слободни, по откажувањата на противниците.
Во полуфиналето најдобриот двоец, според ранкингот, ги победи Аманда Карерас од Велика Гританија и Андреа Гамиз од Венецуела со 6:2, 6:3.

Најново во Други спортови