ЃОРЧЕСКА ВЛЕЗЕ ВО ТОП 200 КАЈ ТЕНИСЕРКИТЕ

Лина со најдобар пласман во кариерата на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка е на 192. место на светското рангирање

објавено: 30 јануари 2017 - 10:15

Добриот настап во квалификациите на гренд слем турнирот во Австралија, донесе и најдобар пласман во кариерата на Лина Ѓорческа. На најновото рангирање на ВТА листата, Ѓорческа се најде на 192. позиција во светот, што е најдобар пласман во нејзината кариера.

Ѓорческа заработи 30 поени од двете победи во квалификациите во Мелбурн. За жал, Лина не успеа да се пласира на завршниот турнир, откако беше елиминирана, во третото последно квалификациско коло.

Во рангирањето, во двојки, Ѓорческа забележа пад и тоа од шест места, па сега е на 135 позиција во светот.

Најново во Други спортови