Објавени новите АТП и ВТА листи

Лина со нов „плус“ во двојки

Со пласманот на 137 позиција во „дубл", ова за Ѓорческа е ново најдобро подобрување во кариерата. Во поединечниот дел, нашиот рекет остана на 200. позиција, која ја имаше од минатата седмица

објавено: 31 октомври 2016 - 10:20

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа повторно имаше причини за радост по објавувањето на новиот ранкинг на ВТА листата. тетовчанката, овој пат имаше подобрување од две позиции во конкуренција на двојки, каде што сега се најде на 137 место со 504 бодови. Во сингл, Лина останува 200. рекет во светски рамки.

Кај мажите, Томислав Јотовски имаше минимален пад, и во моментов е под број 766. Зад него следува Димитар Грабул. Нашиот искусен рекет е позициониран како 999 тенисер, иако веќе не е активен на АТП турнирите.

Најново во Други спортови