Нов напредок за нашата најдобра тенисерка

Нов рекорд за Лина во сингл

Најуспешниот наш рекет сега е под број 206 во поединечниот дел на новата ранкинг листа што воедно претставува и најдобар во нејзината кариера. во конкуренција на двојки Лина сега го зазема 148 место

објавено: 17 октомври 2016 - 11:20

Лина Ѓорческа продолжува своите рекордни пласмани на ВТА листата. Нашиот најдобар рекет со новиот напредок од две позиции во сингл, сега го зазема 206 место со 249 бодови.
Во конкуренција на двојки, пак, Ѓорческа имаше „негатива" за оваа седмица и со 491 бод е 148 светски тенисер.
Кај мажите, Томислав Јотовски исто така имаше напредок во поединечниот дел. Томи со плусот дојде до 787 место.
Исто како и минатата седмица, Јотовски ќе биде активен на фјучр турнирот во Бол, Хрватска каде што како 16 носител своите натпревари ќе ги почне од главниот дел на турнирот.
На терените во Анталија, Горазд Србљак игра во квалификациите, каде што денеска против Винсент ван ден Хонерт од Холандија во меч кој ќе биде одлучувачки за влез во главниот дел.

Најново во Други спортови