Серијата на одлични резултати, македонскиот рекет број еден Лина Ѓорческа ќе ја круниса со настап на првиот ВТА турнир во кариерата. Станува збор за натпреварувањето вредно 125 илјади американски долари кое што ќе се одржи во Лимож, Франција. Нашата најдобра тенисерка ќе стартува во утрешните квалификации а својот противник ќе го дознае пред стартот на истите.
Во секој случај, по настапот на квалификациите на гренд слем турнирот УС Опен, ова е нов голем успех за Лина која со евентуален добар настап може значително да го подобри својот пласман.
Таа во моментов во поединечната конкуренција се наоѓа на 200 место на последниот ВТА ранкинг кој излезе во понеделникот.