Ново финале за Македонката

Лина со пресврт до дубл финале во Каљари

Нашата тенисерка заедно со Бернарда успеаа да направат пресврт и по негативата од 0:1 во сетови, најпрвин израмнија а потоа преку тај-брејк поените дојдоа и до финалето на овој фјучр турнир

објавено: 31 март 2017 - 16:33

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во дубл финалето на фјучр турнирот во Каљари, Италија.

Лина, заедно со заедно со Американката Пера Бернарда во еден интересен полуфинален меч, со пресврт дојдоа до победата над Аличе Мателучи и Камила Росатело. Првиот сет со 6:4 им припадна на Италијанките. Но, потоа Лина и Пера успеаа да вратат и со 6:1 израмнија на 1:1 во сетови.

Во тај-брејкот од третиот сет, кој се игра само на поени, македонско-американскиот пар славеше со 10:8 во поени.

Третите носителки Прартана Томбаре и Ева Вакано ќе им бидат утрешни опоненти во борбата за титулата, но, и за нови 50 ВТА поени.

Најново во Други спортови