Одличен настап на најдобрата македонска тенисерка

Лина вози фино и во Киасо

Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Киасо, Швајцарија, вреден 25.000 долари, по победата во два сета против Клара Грим

објавено: 20 април 2017 - 13:43

Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Киасо, Швајцарија вреден 25.000 долари, по победата во два сета против Клара Грим.

Ѓорческа игра одлично на турнирите во Швајцарија, а денеска славеше со 6:2, 6:3 против 20-годишната домашна тенисерка Грим. За полуфинале противничка на најдобрата македонска тенисерка ќе и биде Катинка Вон Дихман од Лихтенштајн.

 

Најново во Други спортови