АМЕРИКАНЕЦОТ ГО ЗАГУБИ МАРАТОНОТ

Лопес со пораз го испрати Марди Фиш во пензија

Американскиот тенисер Марди Фиш ја завршија кариерата со пораз од Фелисијано Лопес во рамките на второто коло од УС Опен.

објавено: 2 септември 2015 - 20:47

Шпанскиот тенисер го совлада поранешниот најдобар седми тенисер на светот по маратонот во пет сета со 2-6, 6-3, 1-6, 7-5 и 6-3.

Фиш, кој поради психички проблеми одигра само неколку натпревари во последните две години, пред почетокот на овој турнир најави дека ова му е последното натпреварување во кариерата.

Се чинеше дека истата може да потрае подолго, бидејќи водеше со 1-0 и 2-1, но во последните два сета снема енергија, имаше сериозни грчеви и Лопес успеа да слави.

На Фиш пред три години му беше дијагностицирана аритмија на срцето, а потоа имаше и психички проблеми поради кое едно време не смееше да излегува од дома.

Во текот на кариерата освои шест титули, а во август 2011 беше седми играч на планетата.

Најново во Други спортови