Ги средивме набрзина

Македонија експрес - Албанците декласирани за час

Експресно со три победи и сите за помалку од еден час, Македонија ја декласира Албанија со 3:0 и во победничко расположение го чека клучниот дуел со домаќинот Бугарија, утре во Пловдив за финале во Третата тениска зона во Дејвис купот

објавено: 5 април 2018 - 14:01

Експресно со три победи и сите за помалку од еден час, Македонија ја декласира Албанија со 3:0 и во победничко расположение го чека клучниот дуел со домаќинот Бугарија, утре во Пловдив за финале во Третата тениска зона во Дејвис купот.

Тргна со раритет во режија на Горазд Србљак и победа во сингл против Сулстарова од 6:0, 6:0. Блескаво, чисто без загубен гем и за само 35 минути.

Ветеранот Грабул продолжи со триумф од 6:3, 6:0 против Зили за 45 минути игра, по што веќе беше осигурана втората победа во нашата група.

За да биде убедливо и без ниту една загубена игра се погрижија талентираниот Ѓорѓи Јанкуловски и Стефан Мицов со победа во двојки. На двапати со 6:2 го декласираа дублот на Албанија Мјештри и Шипхеја.

Ова беше втора победа за нас на турнирот по успехот против Исланд и триумфот од 2:1 со Исланд на стартот.

Најново во Други спортови