ПО ФАНТАСТИЧНИТЕ СЕЗОНИ

Мареј и Кербер се ИТФ светски шампиони

Британецот Енди Мареј и Германката Анџелике Кербер станаа светски шампиони од страна на Интернационалната тениска федерација (ИТФ), комплетирајќи ги импресивните сезони

објавено: 13 декември 2016 - 18:30

Мареј, чиј брат Џејми заедно со Бразилецот Бруно Соареш стана светски шампион во двојки, оваа година победи на Вимблдон и на Олимписките Игри, пред да го освои првото место на АТП-листата од својот најголем ривал Новак Ѓоковиќ.

„Да се сетане светски шампион е нешто посебно. Имав година за сеќавање“, вели Мареј.

Кербер имаше исто толку импресивна сезона во која победи на Австралискиот опен и УС Опен и освои олимписко злато, а покрај тоа стана и светска тенисерка број 1. Таа е прва Германка со наградата по Штефи Граф во 1996.

Најново во Други спортови