НЕМАШЕ ДРУГА ОПЦИЈА

МАРЕЈ ОПЕРИРАН: Ќе се врати пред Вимблдон

Поранешниот број 1 во светскиот тенис, Енди Мареј го оперираше колкот во Мелбурн, и се надева дека повторно ќе заигра кога ќе дојде редот на сезоната на играње на трева...

објавено: 8 јануари 2018 - 20:25

Енди Мареј нема да биде дел од првиот Грен слем турнир во 2018 година, Отвореното првенство на Австралија.

Некогаш најдобриот тенисер на светот и дефинитивно се одлучи да ја санира повредата на колкот со оперативен зафат. Го направи токму во Мелбурн каде требаше да се врати назад на терените каде го нема се од ланскиот Вимболдон.
А како што се најавува после успешната операција, ќе се врати непосредно пред Вимблдон. Односно пред да започне сезоната на АТП на трева.

„Уште не е гототво со тенисот. Ќе се натпреварувам повторно на највисокото ниво. Сум оптимист и тоа голем во поглед на иднината – хирургот е задоволен како сето тоа помина" – изјави Шкотот по операцијата.

Иако првите проценки се дека ќе отсуствува 14 седмици, Мареј се надева дека тоа ќе биде скратено на најмногу осум.

„Мојот план е да се вратам околу сезоната на трева, потенцијално и пред тоа. Но нема да брзам затоа што сакам навистина да бидам подготвен кога ќе се вратам. Нема да дојдам како ситуацијата во Њујорк или пак во Бризбејн, да дојдам на турнирот, а да не бидам сигурен дали и колку сум подготвен"- вели Мареј

 

Најново во Други спортови