ШКОТЛАНЃАНЕЦОТ ИМА МАКИ СО КОЛКОТ

Мареј се повлече од Њујорк, може да паузира до крајот на годината

Светскиот рекет број 2, Енди Мареј се повлече од УС опен поради постојаните проблеми со колкот

објавено: 27 август 2017 - 12:50

Шкотланѓанецот, кој неодамна го загуби првото место на АТП-листата од Рафаел Надал, нема играно од Вимблдон и вели дека направил сè да биде на последниот гренд слем од сезоната, кој почнува во понеделник.

„Се обидов да се одморам, да одам на рехабилитација и да бидам подготвен. Тренирав добро последните неколку денови, но на крајот вака не можам да се надевам за титулата, и затоа сум тука“, вели Мареј.

Трикратниог гренд слем шампион, кој победи на Флешинг Медоуз во 2012 година неколку години се мачи со колкот, но оваа сезона беше посебно лоша. Тој имаше проблеми во полуфиналниот пораз на Ролан Гарос од Стен Вавринка, по што се повлече од два подготвителни турнири пред Вимблдон, каде што загуби во четврт-финалето.

Тој најави дека би можел да паузира како Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка, кои поради повреди одмараат до крајот на сезоната. Доколку се случи ова тој ќе падне надвор од топ 10 во машкиот тенис.

Најново во Други спортови