ШКОТЛАНЃАНЕЦОТ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА

Мареј се врати со лесна победа

Светскиот рекет број 1, Енди Мареј се врати на тениските терени на Мастерсот во Монте Карло со 7:5/7:5 победа над Луксембуржанецот Жил Милер

објавено: 19 април 2017 - 15:07

Мареј, кој го пропушти Мастерсот во Мајами поради повреда на лактот, ја стартуваше сезоната на земја во малото кнежевство и иако загуби два брејка против упорниот Милер, на крајот направи четири брејка за да забележи победа и да обезбеди дуел со Шпанецот Алберто Рамос-Вињолас.

Во третото коло е и шампионот од Ролан Гарос од 2015, Швајцарецот Стен Вавринка, по 6:2/4:6/6:2 победата над Чехот Јиржи Весели. Трикратниот гренд слем шампион изгледаше супериорно во првиот сет, но потоа неговото ниво падна и му дозволи на Весели да се врати во игра. Следен за Вавринка е Уругваецот Пабло Куевас.

АТП, МОНТЕ КАРЛО РОЛЕКС МАСТЕРС, 2.КОЛО

(1) Мареј (Бри) - Милер (Лук) 7:5/7:5

(3) Вавринка (Шва) - Весели (Чеш) 6:2/4:6/6:2

(5) Чилиќ (Хрв) - Шарди (Фра) 6:3/6:0

(6) Тим (Авт) - Хасе (Хол) 6:3/6:2

(9) Бердих (Чеш) - Хас (Гер) 3:6/6:1/6:4

(13) Карењо Буста (Шпа) - Хачанов (Рус) 6:4/6:4

(15) Рамос-Вињолас (Шпа) - Берлок (Арг) 6:2/6:2

Најново во Други спортови