ПО ПРОБЛЕМИТЕ СО ПОВРЕДАТА НА КОЛКОТ

Мареј, сепак, ќе оди на УС опен

Енди Мареј е на добар пат да настапи на УС опен на крајот на август по опоравувањето од повредата на колкот, поради која нема играно од четврт-финалето на Вимблдон

објавено: 19 август 2017 - 10:30

Неговото учество на последниот гренд слем од сезоната на Флешинг Медоуз беше неизвесен откако тој се повлече од Мастерс турнирите во Монтреал и Синсинати, но тој патува за Њујорк следната недела и доколку нема комплицирање на повредата, ќе учествува на УС опен, кој стартува на 28 август.

Ова се одлични вести за Мареј, кој во понеделник ќе го загуби првото место на АТП-листата од Рафаел Надал. Во Њујорк, тој ќе е втор носител, а бидејќи има еден куп поени за бранење до крајот на годината, може да падне и подолу до крајот на 2017.

Претходно, своите сезони поради повреда ги прекратија Новак Ѓоковиќ, Стен Вавринка и Кеи Нишикори.

Најново во Други спортови