НА РЕД Е УШТЕ ЕДЕН ОТКАЗ?

МАРЕЈ СИ ЗАМИНУВА ОД АВСТРАЛИЈА: И операција не е исклучена, морам добро да размислам

Некогашниот прв тенисер во светот вели дека до крајот на оваа седмица ќе одлучи дали воопшто ќе игра на првиот Грен слем, а веќе го откажа турнирот во Бризбејн.

објавено: 2 јануари 2018 - 22:20

По Новак Ѓоковиќ. Постојат големи шанси првиот грен Слем да биде "осиромашен" со отсуство на уште една голема звезда од светот на тенисот.

Енди Мареј потврди (задоцнето), дека нема да игра на турнирот во Бризбејн, а потоа ги шокираше своите фанови велејќи дека добро ќе размисли дали ќе настапи и во Мелбурн, каде се игра Австралискиот опен.

„Очигледно поминував низ еден доста тежок период поради колкот, поради кој посетив бројни специјалисти. Советувано ми е да водам грижа за тоа. И од Американскиот опен направив се што од мене беше побарано во тој поглед. На тренинзите во Бризбејн играв сетови со врвни играчи, но сфатив дека не сум на нивото на кое сакам да бидам. Поради тоа морам одново да ги разгледам сите опции кои ги имам пред себе.
Евидентно е дека продолжувањето на рехабилитацијата е една од нив. Како една можност стои и операцијата. Но шансата да биде успешна не се толку високи колку што би сакал да бидат. Затоа таа е втора опција која би сакал да ја избегнам, и се надевам на тоа. Сепак, тоа е нешто за што сериозно морам да размислам. Ми недостасува тенисот, и би дал се како би играл повторно. Колку ја сакам оваа игра сфатив во овие неколку месеци.
Краткорочно гледано, ќе останам во Австралија уште неколку дена за да видам како колкот ќе реагира. А до крајот на викендот ќе одлучам дали останувам или си заминувам дома" - наведува Енди Мареј во официјално соопштение до организаторите на турнирот во Бризбејн.

Од последниот официјален меч, Шкотот одигра само два меча, егзибициски.


Прво во Глазгов против Роџер Федерер а потоа и во Абу Даби со Баутиста.
„Австралиан Опен" стартува на 15. јануари, а титулата ќе ја брани Роџер Федерер.

Најново во Други спортови