ШКОТЛАНЃАНЕЦОТ СО „СЛАТКА“ ОДМАЗДА

Мареј влезе во полуфиналето во Барселона

Енди Мареј закажа пресметка со младиот австриски специјалист за игра на земја, Доминик Тим, откако му се одмазди на Алберт Рамос-Вињолас за поразот од Монако во четврт-финалето на Барселона опен

објавено: 28 април 2017 - 17:37

Мареј по тешки три сета го совлада Рамос-Вињолас со 2:6/6:4/7:6(4) една недела откако загуби од него на Мастерсот во Монте Карло. Токму тој пораз го „натера“ Шкотланѓанецот да прифати вајлд-карта за настап во Барселона.

Светскиот број 1 влезе во полуфиналето враќајќи се од сет-негатива за да обезбеди дуел со Австриецот Доминик Тим. Мареј ја најде својата форма во вториот сет, правејќи еден брејк за да го освои сетот. Сепак, светскиот број 19, Рамос-Вињолас се покажа како упорен тенисер и не се предаде до тај-брејкот.

Најново во Други спортови