НА ЕГЗИБИЦИСКИ МЕЧ ВО ПОРТОРИКО

„Маша“ повторно на теренот

Иако го загуби мечот со Пуиг (2:1 во сетови), одигран во Сан Хуан, Марија Шарапова покажа дека е во добра форма, а публиката во Порторико ја дочека со аплауз, без оглед на нејзиниот „грев", и потегот кој го направи и за кој сигурно долго време жали.

објавено: 17 декември 2016 - 12:45

Марија Шарапова со нетрпение го очекува враќањето на тениската сцена, а по истекот на суспензијата поради користењето на една недозволена супстанца наречена мелдониум. Судот за спортска арбитража ја намали првобитно изречената казна, по што Шарапова ќе се врати во светот на тенисот после 15. месеци, поточно на 26.април 2017 година, кога ќе истекне таа забрања за играње.

Но во меѓувреме убавата Русинка се подготвува токму за тоа, да се врати на она најдобро што знае да го работи, да игра тенис. Па затоа се одлучи да одигра и еден егзибициски меч.

И тоа во Порторико, против олимписката шампионска Моника Пуиг.

Пуиг која победи во Рио Де Жанеиро пак сакаше да се претстави пред домашната публика, па за таа цел ја покани токму популарната „Маша“.

А двете пред 12.000 гледачи во Сан Хуан одиграа натпревар во кој олимписката шампионка триумфираше со резултат 6:3, 1:6, 10:6.

Шарапова покажа дека е во добра форма, а публиката во Порторико ја дочека со аплауз, без оглед на нејзиниот „грев“, и потегот кој го направи и за кој сигурно долго време жали.

А и не игра, што е најважно од се!

 

Најново во Други спортови