Ново финале за шпанската тенисерка

Мугуруза ја декласира Рибарикова и пак ќе игра меч за титула на Вимблдон

Гарбиње Мугуруза ќе игра второ финале на Вимблдон, по денешната убедлива победа против Магдалена Рибарикова

објавено: 13 јули 2017 - 15:34

Гарбиње Мугуруза ќе игра второ финале на Вимблдон, по денешната убедлива победа против Магдалена Рибарикова. Шпанската тенисерка загуби само две игри и славеше со 6:1, 6:1 за само 67 минути игра.

Во 2015 година Мугуруза го загуби мечот за титула на терените на Ол-Ингланд клубот од Серена Вилијамс, тенисерка која не игра на ова издание од турнирот. Можна противничка на Гарбиње во финалето ќе и биде постарата сестра Вилијамс, Венус, ако ја победи домашната тенисерка Конта.

Најново во Други спортови