ШАМПИОНКАТА ОД ВИМБЛДОН ИМА ОДЛИЧНА СЕЗОНА

Мугуруза прва обезбеди место на ВТА-финалето

Новокрунисаната светска тенисерка број 1, Гарбиње Мугуруза стана првата тенисерка која го запечати местото на ВТА финалето во Сингапур, каде што ќе играат најдобрите осум во 2017 година

објавено: 11 септември 2017 - 16:00

Ова ќе биде четврти настап за Шпанката во четвртото издание на турнирот во Сингапур, откако 23-годишната Мугуруза дебитираше со настап во двојки во 2014 година. Во 2015 година таа играше во сингл и во двојки и стиган до финалето, додека лани играше само во сингл.

„Секоја сезона една од главните цели е да се квалификувам за Сингапур, бидејќи тоа е најголемиот доказ дека си меѓу најдобрите осум тенисерки на светот. Имам прекрасни сеќавања од градот и се надевам дека првпат ќе ја освојам титулата“, вели Мугуруза.

ВТА-финалето, завршниот турнир на годината се одржува од 22 до 29 октомври. Турнирот „тежи“ 7 милиони долари.

Најново во Други спортови