ВО ФИНАЛЕТО ЛЕСНО ЈА ПОБЕДИ ВЕНУС ВИЛИЈАМС

Мугузура е новата кралица на Вимблдон

Шпанската тенисерка со 7:5 и 6:0 ја победи Американката

објавено: 15 јули 2017 - 16:33

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза е победничка на гренд слем турнирот во Вимблдон. Тенисерката која беше рангирана како 14 носителка, без многу проблеми ја победи некогаш најдобрата во светот, Венус Вилијамс.

Американката ветеранка која има 37 години, успеа само во првиот сет да даде достоен отпор. се играше израмнето, но на крајот Мугуруза направи брејк и го доби со 7:5. Тоа како да беше знак дека Вилијамс полека се предава. 

Во вториот сет, се беше во знакот на Мугуруза. По брза постапка го доби и вториот сет со 6:0 и го запиша своето име со златни букви меѓу освојувачките на најпрестижниот турнир во светот. 

За Мугуруза ова е втор голем трофеј. Минатата година таа изненадувачки триумфираше на Ролан Гарос. Сега со игрите на Вимблдон покажа дека тоа не било случајно и се искачи на тронот на Вимблдон. 

Најново во Други спортови