ВИЛИЈАМС ИМА НЕДОВРШЕНИ РАБОТИ ВО ТЕНИСОТ

Муратоглу: Серена не е подготвена да се откаже

Серена Вилијамс нема намера да стави крај на нејзината кариера и покрај објавата дека е бремена и нема да игра до крајот на сезоната, вели нејзиниот тренер Патрик Муратоглу

објавено: 21 април 2017 - 21:35

Вилијамс, која на Австралискиот опен стигна до рекордната 23. гренд слем титула во Опен ерата, сега е на само еден голем трофеј од вечниот рекорд на Маргарет Корт, што според францускиот тренер е главна мотивација за останување во тенисот.

„Серена во моментов не сака да каже кога точно ќе се врати во 2018 бидејќи тоа не е нејзината најважна работа, но нема да сопре тука. Таа победа во Мелбурн во јануари кога беше осум недедели бремена и ќе се врати на првото место на ВТА-листата следната година. Сè уште може да доминира“, вели Муратоглу.

Најново во Други спортови