се избори за место во финалето на турнирот во барселона

Надал е феномен: Никој како Шпанецот во новата тениска ера

Шпанецот славеше во дуелот против Давид Гофин

објавено: 28 април 2018 - 21:43

Рафаел Надал уште еднаш потврди дека е неприкосновен играч кога се работи за меч на земјена подлога. Во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона, Шпанецот лесно со 6:4, 6:0 го победи Давид Гофин. За Надал ова беше 400 победа на оваа подлога. 

Иако веќе долго време го има прекарот „крал на земјените терени“, Надал речиси сигурно дека никогаш нема да го достигне Аргентинецот Гилермо Вилас, кој во кариерата имал 659 победи на земја. 

Освен што има 400 победи на земјена подлога, Надал веќе се има израдувано и на 400 победи на тврда подлога. Со овој успех, тој е првиот играч кој има 400 победи на две различни подлоги. 

 

Најново во Други спортови