ПО ЊУЈОРК, НОВ СКОК НА ШПАНЕЦОТ

Надал е се подалеку од конкуренцијата

Многу промени има во ТОП 10 на светскиот тенис по УС Опенот, по кој бројот 1 ја зголеми разликата...

објавено: 11 септември 2017 - 10:30

Рафаел Надал ја освои 16 Грен слем титула во кариерата, а во исто време ја зголеми бодовната предност во одос на конкурентите на АТП листата. Сега има 9.465 бодови.

Сериозни промени се случија и во ТОП 10 по завршувањето на возбудувањата на турнирот во Њујорк.
Напредуваше Роџер Федерер кој од третото дојде на второто место на кое беше Енди Мареј.
Александер Звезер и Марин Чилиќ скокнаа за две местаи сега се дури и пред Новак Ѓоковиж кој „лизна" на шестото место.
Довчерашнито број 4 на листата, Станислав вавринка сега е на осмото место, додека пак моментално во ТОП 10 е и Шпанецот Пабло Карењо Буста.
Големо напредување запиша, очекувано, и финалистот на УС Опен, Кевин Андерсон кој од 32.скокна на 15. позиција на АТП.

 

Најново во Други спортови