ШПАНСКИОТ ТЕНИСЕР ПОЛН СО САМОДОВЕРБА

Надал: Или тенис, или ќе одам по риба

Освојувачот на 14 гренд слем титули е сигурен дека ќе се врати во форма во 2017 година и покрај тоа што многумина сметаат дека времето на 30-годишниот Шпанец одамна поминало

објавено: 9 јануари 2017 - 22:30

Шпанската тениска легенда Рафаел Надал вели дека би бил дома на Мајорка и би рибарел доколку мислел дека не може да се спротистави на големите имиња во тенисот, јасно покажувајќи дека страста кон тенисот не ослабела со серијата повреди.

30-годишниот Надал има освоено 14 гренд слема во својата блескава кариера, но последниот голем трофеј го освои на Ролан Гарос во 2014 година, а лани имаше низа повреди на зглобот на раката. Многумина веќе ја отпишаа можноста тој да се врати во топ-форма, но Надал е сигурен.

„Да верував дека нема да имам шанса да се борам со најдобрите, ќе останев дома и ќе рибарев. Вистинската цел е да се борам за важните нешта, за такво нешто знам дека морам да ги победам тие момци, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. Работам напорно и имам мотивација и страст за да продолжам“, вели Надал.

Најново во Други спортови