Се коцкаше во вториот сет, но сепак победи

Надал има рецепт за Шварцман

Рафаел Надал се коцкаше во вториот сет против Диего Шварцман, но сепак успеа да надомести предност од еден брејк на Аргентинецот и славеше победа со 2:0 во сетови во Монте Карло

објавено: 21 април 2017 - 21:12

Рафаел Надал се коцкаше во вториот сет против Диего Шварцман, но сепак успеа да надомести предност од еден брејк на Аргентинецот и славеше победа со 2:0 во сетови во Монте Карло.

Надал ги доби двата сета со 6:4 и во третиот меѓусебен меч против Шварцман ја забележа третата победа без загубен сет.

Противник во полуфиналето на турнирот ќе му биде Давид Гофан, тенисер кој денеска го елиминира Новак Ѓоковиќ. Во второто полуфинале Алберт Рамос-Вињолас ќе игра со Лукас Пуле.

Најново во Други спортови