Не е во цветот на младоста и не може да игра пречесто

Надал ја става Шпанија во втор план

Рафаел Надал не е веќе во „цветот на младоста“, а вели дека сериозно размислува дали да игра за Шпанија во Дејвис купот против Германија во април

објавено: 26 февруари 2018 - 16:50

Рафаел Надал не е веќе во „цветот на младоста", а вели дека сериозно размислува дали да игра за Шпанија во Дејвис купот против Германија во април.

Четвртфиналето во рамките на Светската група ќе се игра во Валенсија од 6. до 8. април, но „црвената фурија“ ќе мора да бие неизвесна битка веројатно без Надал.

„Не можам да планирам однапред. Веќе не сум толку сигурен дека сум кадарен да играм пречесто. Не знам каква ќе биде ситуацијата со психофизичката подготвеност. Ќењ одлучиме заедно со мојот тим“, вели Надал.

По настапот на Австралија опен во јануари, Рафа паузираше месец и половина поради повреда, но се врати на тениските терени со настап на АТП турнирот во Акапулко.

Најново во Други спортови