ОРГАНИЗАТОРИТЕ МУ НАПРАВИЈА УСЛУГА НА ШПАНЕЦОТ

Надал ќе игра во среда, има инфекција на увото

Првиот меч на Рафаел Надал на Мадрид опен е одложен еден ден откако 14-кратниот гренд слем шампион заработи инфекција на увото

објавено: 8 мај 2017 - 17:30

Организаторите потврдија дека Надал ќе го игра првиот меч во среда поради болките во увото, кои го мачат од петокот. Четирикратниот шампион на турнирот изјави дека инфекцијата не е „ништо важно“, но потврди дека има мали болки.

Надал во второто коло игра против Италијанецот Фабио Фоњини. Тој има две титули едноподруго на земјена подлога, по 10-тите трофеи во Монте Карло и во Барселона. Во Мадрид последната титула ја освои во 2014 година.

Најново во Други спортови