РАФА Е ИЗНЕНАДЕН ОД МОМЕНТОТ

НАДАЛ: Мислев дека во овие години ќе бидам во пензија!

Шпанскиот тенисер во својата кариера освои се што се може, но и понатаму има мотивација, да се бори и да освојува титули, макар е еден од најстарите на АТП турот.

објавено: 14 јуни 2018 - 11:00

Пред некој ден ја освои својата 11. титула на Ролан Гарос, па уште еднаш беше потврдено она ласкаво признание за „крал на земјата".
Моментално Шпанецот владее и со АТП листата, а на „црвеницата" во Париз и немаше вистински предизвикувач, затоа што уште еднаш Роџер Федерер го пропушти овој земјен дел од сезоната, Енди Мареј се опоравува од операцијата на колкот, додека пак Новак Ѓоковиќ се обидува да ја врати шампионската форма после паузата и интервенцијата на лактот.
Во своите витрини Надал го внесе и 17. Грен слем трофеј, шти и за самиот него е големо изненадување, особено ако се знае со колку проблеми со повредите се соочи во изминатиот период.

„Мислев дека во овие години ќе бидам во пензија, и дека ќе имам семејство" – рече Надал за шпанска „Марка".

Му недостасуваат само уште три Грен слем трофеи за да се изедначи со Роџер Федерер, кој исто како и тој, како вистински ветеран, доминира со светскиот тенис.

„Тоа е изненадувачки, до 2017, две години бев без Грен слем трофеј, а Роџер пак уште од 2012... Се разбира дека е изненадување, затоа тшо кога сте толку време без трофеи, се прашувате дали повторно можете да го освоите. Би сакал да имам 20 Грен слем титули како и тој, и повеќе од тоа. Но тоа сега не е во мојата глава, а и 17 е сјајна бројка. Сакам да уживам во моментот. Не можам да мислам на следната победа, тоа би ме излудело. Не можете себеси да се доведуваре до лудило ако некој има повеќе трофеи од вас"- рече Надал.

Најново во Други спортови