ШПАНЕЦОТ НЕ ДОЗВОЛИ НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ГОФАН

Надал на чекор до „Ла Десима“

Од неговата десетта титула во Монте Карло го дели само уште една победа, онаа против неговиот сонародник Алберт Рамос Вињолас со ког ќе игра во неделното финале.

објавено: 22 април 2017 - 22:45

Рафаел Надал стигна на само еден чекор до „Ла Десима“, односно својата десетта титула на АТП турнирот во Монте Карло.

Во саботното полуфинале, Шпанецот убедливо го победи Давид Гофан. После час и половина добар тенис на крајот Белгиецот мораше да го признае поразот од 6:3 и 6:1 во сетови.

Во второто полуфинале, сонародникот на Надал, Алберт Рамос Вињолас беше подобар од Лукас Пује во три сета: 6:3, 5:7 и 6:1.

Учесниците на ова „шпанско финале“ во Монте Карло досега се сретнале само двапати. А и во двата меча славел Рафа. Првиот пат во 2013 а другито една година подоцна.

Надал е убедливо најуспешниот тенисер на овој турнир затоа што неговото постојано владеење траеше од 2005 до 2012 година. Деветтата титула ја освои минатата година, а во оваа е многу блиски до десеттата.

Најново во Други спортови