на шпанецот му е потребен одмор

Надал нема да игра на Вимблдон?

По комплетирањето на мисијата да докаже дека е непобедлив на Ролан Гарос, Рафаел може да го нема одреден период на тенискиот терен

објавено: 11 јуни 2018 - 15:05

Рафаел Надал ја исполни зададената мисија во Париз. Докажа дека е непобедлив на Ролан Гарос и стигна до 11 титула на гренд слемот на земјена подлога. Сепак, Надал доволно се истошти и сега е во дилема дали треба да си даде одреден период за одмор. 

Ако се реши да направи пауза, Шпанецот би направил нешто слично како Роџер Федерер. Швајцарецот реши да одмори и да ги прескокне турнирите кои се играат на земјена подлога, за да може да биде свеж за мечевите кои следуваат на трева. Сега надал би го направил обратното. Ја одигра цела сезона на земја, а сега планира да ги пропушти дуелите на трева. 

„Имав долга и исцрпувачка сезона на земја. Играв на речиси сите можни мечеви по враќањето од повредата. Ова беа два многу тешки месеци за мене. Минатата година добро бев подготен, но сега морам да разговарам со членовите од мојот тим и да ја донесеме одлуката. Сега приоритет е тоа што е најважно за моето тело“, вели Надал. 

Најново во Други спортови