ПОЛУФИНАЛЕН ДУЕЛ ВО МАДРИД

Надал по 50-ти пат против Ѓоковиќ!

Рафа Надал ќе се обиде да ја продолжи победничката низа на сезоната на земја кога ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ по 50-ти пат во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид

објавено: 12 мај 2017 - 18:50

Надал има 13-0 скор на земја оваа година по 10-тите титули во Монте Карло и Барселона, а во четврт-финалето со 7:6(3)/6:2 го совлада Белгиецот Давид Гофан под покривот на „Маноло Сантана теренот“. Ѓоковиќ претходно влезе без тенис во полуфиналето по повлекувањето на Кеи Нишикори. Србинот има 26-3 скор против Надал.

Надал и во првиот меч во кариерата против Гофан лесно го совлада малиот Белгиец со 6:3/6:1 во Монте Карло, а овојпат резултатот не беше толку убедлив само поради грешките на Надал во шансите за брејк. Шпанецот искористи само две од своите 13 брејк топки.

Најново во Други спортови