ИАКО ДОАЃА ОД ЈАЗИЧНО СЛИЧНО ПОДРАЧЈЕ

Надал против независноста на Каталонија

Новокрунисаниот шампион од УС опен и светски тенисер број 1, Рафаел Надал вели дека се противи на независноста на Каталонија од Шпанија

објавено: 12 септември 2017 - 15:30

Во Каталонија на 1 октомври ќе се одржи референдум за независност, кој не е поддржан од шпанската држава, и Надал, кој доаѓа од Мајорка, каде што исто така зборуваат каталонски јазик вели дека Шпанија треба да биде единствена и не може да ја замисли својата држава без Каталонија.

„Се чувствувам многу близок до Каталонците, но исто така сум и Шпанец. Не можам да замислам Шпанија без Каталонија и навистина не сакам да го видам тоа. Мислам дека можеме да се согласиме за многу работи. Мора да направиме напор да најдеме заеднички јазик бидејќи заедно сме посилни. Шпанија е подобра со Каталонија, но и Каталонија е подобра со Шпанија“, вели Надал.

Најново во Други спортови