ШПАНЕЦОТ ГО ДОБИ ДУЕЛОТ ВО РИМ

Надал со лекција за Ѓоковиќ и обезбедено 114 финале во кариерата

Со 7:6 и 6:3 во сетови, Рафаел беше подобар во полуфиналето од Ноле

објавено: 19 мај 2018 - 17:57

Рафаел Надал покажа дека уште е доминантен на земјена подлога и со 7:6, 6:3 славеше против Новак Ѓоковиќ, во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Ова беше вкупно 51 меч меѓу овие двајца тенисери, а Србинот води со 26-25 во победи. 

Сепак, кога се работи за дуели на земјена подлога, Надал секогаш е фаворит, а тоа го покажа и денеска. Со оваа победа, Рафа стигна до 114 финале во кариерата, а ќе се бори за 78 титула. Доколку успее во недела да го освои Мастерсот во Рим, Шпанецот повторно ќе се врати на врвот на најновата АТП листа. 

Противник на Надал во финалето ќе му биде подобриот од дуелот Марин Чилиќ - Александер Зверев. 

Најново во Други спортови