РУСИНКАТА ВЕЌЕ НЕ СЕ ОБИДУВА ДА НАПРАВИ КАМ-БЕК

Надја Петрова официјално во пензија

Русинката Надја Петрова, која беше и на третото место на ВТА-листата, ја заврши својата кариера по постојаните проблеми со повредите

објавено: 11 јануари 2017 - 18:30

34-годишната Петрова немаше играно од крајот на 2013 година, откако неколку пати се обидуваше неуспешно да направи кам-бек. Петрова беше јуниорска шампионка на Ролан Гарос во 1998 година, и освои 13 ВТА титули искачувајќи се на третото место во мај 2006. Таа исто така беше успешна тенисерка во двојки, освојувајќи 24 титули, од кои две на ВТА-финалето, а освои и олимписка бронза во двојки во Лондон 2012.

„Во тенисот бев толку многу години  и имав добра и долга кариера. Се справував со многу повреди, како многу тенисерки, но сега е време за нова страница во мојата кариера“, вели Петрова.

Најново во Други спортови