ИНТЕРЕСНА АНАЛИЗА НА АВСТРАЛИЈЦИТЕ

Најбргу трчаат Ѓоковиќ и Халеп

Србинот Новак Ѓоковиќ и Романката Симона Халеп се најбрзите тенисери на светот, се вели во анализата на Австралиската тениска федерација

објавено: 29 ноември 2016 - 21:45

Студијата е базирана на мерењата на истрчаното над три метри на последните три настапи на Австралискиот опен. Според студијата, Ѓоковиќ има максимална брзина од 36.02 км/ч, со што е побрз од новиот светски број 1, Енди Мареј (34.87 км/ч). Сепак, Шкотланѓанецот има подобра просечна брзина од 15.89 км/ч во споредба со 14.89 км/ч на Ѓоковиќ.

МАЖИ

1.Новак Ѓоковиќ (Срб) 36.02 км/ч - 14.89 км/ч

2.Енди Мареј (Бри) 34.87 км/ч - 15.89 км/ч

3.Лејтон Хјуит (Авс) 31.24 км/ч - 15.24 км/ч

4.Жил Симон (Фра) 30.76 км/ч - 14.93 км/ч

5.Григор Димитров (Буг) 28.91 км/ч - 15.05 км/ч

ЖЕНИ

1.Симона Халеп (Ром) 23.04 км/ч - 13.69 км/ч

2.Карла Суарез Наваро (Шпа) 22.48 км/ч - 13.56 км/ч

3.Доминика Цибулкова (Свк) 21.98 км/ч - 13.43 км/ч

4.Агњешка Радвањска (Пол) 21.82 км/ч - 13.79 км/ч

5.Јуџини Бушар (Кан) 21.82 км/ч - 12.95 км/ч

Најново во Други спортови