МАКЕДОНСКАТА ТЕНИСЕРКА СО НОВ НАПРЕДОК НА ВТА-ЛИСТАТА

НАЈДОБАР РАНКИНГ: Лина е на 180. место во светот

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа забележа нов напредок од едно место на ВТА-листата. По поразот во полуфиналето во Рим, Ѓорческа се најде на 180 позиција во светот со 300 поени.

објавено: 15 мај 2017 - 10:15

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа забележа нов напредок од едно место во сингл, на ВТА-листата. По поразот во полуфиналето во Рим, Ѓорческа се најде на 180 позиција во светот со 300 поени. Ова е најдобар пласман на една македонската тенисерка во историјата.  

Лина направи напредок од две места и во двојки, односно се најде на 130 место со 580 поени.

На врвот на ВТА-листата има промени, Анџелика Кербер ја симна од врвот Серена Вилијамс, на третото место е Каролина Плишкова. 

Најново во Други спортови