КРИЗАТА ПРОДОЛЖУВА

Најтешките моменти во кариерата: Ѓоковиќ нема паднато толку ниско цели 12 години

Откако ја забележа најголемата победа во 2018 година против Кеј Нишикори во првото коло во Мадрид, Новак Ѓоковиќ доживеа нов пораз, трет во последните четири меча.

објавено: 11 мај 2018 - 10:56

Некогашниот рекет број еден, во Мадрид беше елиминиран од 22. тенисер во светот Кајл Едмунд. Британецот само ја продлабочи кризата во која се наоѓа српскиот тренисер, кој оваа сезона нема одиграно ниту едно четвртфинале.

Повредата на лактот е причината поради која долго време беше надвор од терените, а кам-бекот му оди потешко од очекувањата. Во понеделник Ѓоковиќ, кој во последните неколку години промени неколку тренери, ќе биде на 18 место во светот. Толку ниско нема паднато на АТП листата од 2006 година.

„Тенисот е тежок спорт. Новак и ја знаеме дека е тешко да останеш во игра цело време. Она што Новак го направи е неверојатно, сигурен сум дека ќе продолжи да прави одлични работи, не се сомневам во тоа. Знам дека му е тешко, но секое враќање по повредата е тешко, треба време, самодоверба...Го минав сето тоа", изјави Надал.

Најново во Други спортови