Нашата тенисерка не успеа да влезе на главниот турнир

Нашата тенисерка не успеа да влезе на главниот турнир

Македонскиот рекет во финалето од квалификациите изгуби од Галина Воскосоева со 2:6, 4:6 и со тоа не успеа да влезе во главниот дел на првиот свој настап на ВТА турнирот во Лимож, Франција вреден 125.000 долари

објавено: 13 ноември 2016 - 17:07

Лина Ѓорческа ќе почека за премиерниот настап на ВТА турнир. Нашата најдобра тенисерка не успеа да ги мине квалификациите во Лимож, Франција на натпреварувањето вредно 125.000 долари. Во мечот кој одлучуваше за тоа кој ќе настапи во главниот дел на овој турнир, Лина изгуби од Казакхстанката Галина Восокосева со 2:6, 4:6. Тенисерката која има далеку послаб ранкинг (371) успеа да направи изненадување и да ја совлада најдобрата македонска претставничка во овој спорт.

Ова е втор голем пораз во кариерата на Ѓорческа од исто толку одиграни средби. Претходно тоа исто така се случи во квалификациите на УС Опен, каде што беше елиминирана на самиот старт.

Најново во Други спортови